Падна владата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ

Пратениците на Собранието на Црна Гора на вонредна седница го изгласаа предлогот за недоверба на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.

Гласале 51 пратеник, од кои 50 биле за пад на владата, а еден глас против, пренесува РТЦГ.

Покрај подносителите на денешното барање за недоверба (ДПС, СД, СДП, ЛП, ДУА), за пад на Владата гласаа и пратениците на Демократската партија, Босанската партија.

До изборот на нова, владата на Абазовиќ ќе функционира во технички мандат. Во завршниот говор Абазовиќ  кажа дека се надева оти претседателот на Црна Гора наскоро ќе му даде мандат на новото мнозинство за состав на новата Влада или ќе има нова нестабилност.