Естонија упати предлог до ЕК за усвојување на осми пакет санкции кон Русија

Владата на Естонија на денешната седница одлучи да достави формален предлог до Европската комисија за усвојување на осмиот пакет санкции против Русија.

Според извештајот, Естонија сака да го прошири осмиот пакет на економски, енергетски и трговски санкции против Русија и да вклучи дополнителни поединци на „црната листа“.

Европска Унија досега одобри седум пакети санкции против Русија поради инвазијата врз Украина.