Сајкоски: Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Ѓорѓија Сајкоски пред почетокот на денешниот редовен 17-ти Конгрес на партијата изјави дека „покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и енергетиката“.

Сајкоски потврди дека на Конгресот ќе учествуваат 517 делегати, а доставена е само една кандидатура за претседател, онаа на актуелниот претседател на партијата – Христијан Мицкоски.

„Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ или доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, на Конгресот ќе биде избран и статутар на Комисија и Комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ. Ние гледаме дека изминатиов период државата е во тешка економска, социјална, здравствена но и енергетска криза која што оди на штета на граѓаните, и покрај тоа нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност, ветуваме дека следниот период ќе се бориме да ја направиме Македонија една подобра држава за живеење“ изјави Сајкоски.

Тој посочи дека првата тема е како да останат граѓаните тука во нашата држава, да работат, да не одат во странство и да ја гледаат својата иднина тука.

„Во доктрината има 16 предвидени теми. Понудени се и нови теми во орбазованието, каде што викаме дека треба сите заеднички да застанеме и да изградиме нешто ново во орбазованието, образованието да биде посебен столб со консензус од сите политички партии во држава, за нешто да смениме, да подобриме бидејќи образованието е основа на сите процеси во државата. Исто така, имаме понудено и нови проекти за енергетиката, но и други теми“ рече Сајкоски.