Канцеларот Шолц: Не смее да има црвени линии во борбата против Ковид 19

Новоименуваниот германски канцелар – Олаф Шолц повика на флексибилност во преземањето на мерките во борба против пандемијата на коронавирус.

„Не смее да има црвени линии, оваа пандемија навистина ни го покажа тоа. Секогаш мора да бидеме подготвени повторно да размислиме доколку околностите тоа го бараат. За да можат болниците да понудат доволно кревети за интензивна нега поради многу пациенти со Ковид-19, ние штотуку ставивме на располагање многу пари“ – вели Шолц.

Според канцеларот, Германија не е поделена на вакцинирани и невакцинирани луѓе.

„Огромното мнозинство граѓани се вакцинирани. Многу повеќе од нив сакаат да го сторат тоа наскоро бидејќи ја надминаа својата резерва за ова прашање“ – додаде Шолц.