Се урнаа неколку згради во Сицилија – има загинати и исчезнати!

Поради истекување на гас дошло до експлозија што резултирало со уривање на неколку згради на Сицилија, соопштија денеска италијанските служби за итни случаи.

Информациите се дека едно тело било извлечено од урнатините, а дестици луѓе се водат како исчезнати.

„Голем број згради се урнаа по експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во Равануса, град на околу 110 километри југоисточно од Палермо“ – соопштија од властите на Сицилија.

Информациите се дека три згради се урнале, а уште најмалку три се оштетени.

Според пожарникарите, истекување на гас е „многу веројатно“ причината за експлозијата.

Меѓу исчезнатите наводно има и две деца, но и една трудница.