Твитер го тужи Маск, сакаат да го принудат да ја преземе компанијата

Твитер поднесе тужба против технолошкиот милијардер Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот – Брет Тејлор.

Твитер бара од судот да нареди преземање според условите договорени со Маск во мај, се вели во тужбата на 60 страници што ја објавија американските медиуми.

Маск во петокот објави дека се повлекува од договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, повикувајќи се на неосновани тврдења дека има многу повеќе лажни сметки на Твитер од 5 отсто како што компанијата тврди.

Адвокатите на Маск тврдеа дека Твитер не ги исполнил своите обврски според условите од договорот да му ги достави на Маск потребните податоци за да ги потврди бројките.