Во Јужна Кореја за еден ден заразени со Ковид 19 се над 40.000 луѓе – првпат во два месеци, а Владата во Сеул предупреди дека наредните месеци би можело бројот на заразени да се зголеми и петпати повеќе од тоа ниво.
„Дневниот број случаи може да достигне 200 илјади помеѓу средината на август и крајот на септември“ – рече премиерот Хан Деок-су на владиниот состанок посветен на борбата против Ковид-19, пренесувајќи го мислењето на Корејската агенција за контрола и превенција на болести и експерти.
Изминатиот ден во Јужна Кореја се регистрирани 40.266 случаи, што е зголемување за 8 проценти споредбено со ден претходно.
Тоа е највисоко ниво од 11 мај, кога беа пријавени 43.908 случаи.
Бројката од 200.000 случаи дневно беше достигната во април оваа година.