Исламскиот проповедник – Фетула Ѓулен итно бил пренесен во болница во САД, јави турскиот весник „Џумхуриет“. Информциите на Твитер доаѓаат од движењето на Ѓулен, наречено ФЕТО.
Ѓулен бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, информира весникот.
Властите во Анкара го обвинуваат 81-годишниот Ѓулен и неговото движење ФЕТО за организатор на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, кој имаше за цел да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Фетула Ѓулен и други негови соработници беа осудени од турскиот суд во отсуство на доживотен затвор.
Анкара долго време бара Вашингтон да го предаде Фетула Ѓулен, кој живее во државата Пенсилванија, како и неговите соработници, но засега дипломатските напори остануваат безуспешни.