Џон Болтон – поранешниот американски советник за национална безбедност изјави дека тој лично бил вклучен во „планирање државни преврати“ во странски земји.
„Како некој што помогнал во планирањето на државни удари, не овде, сфаќате нели, на друго место, за тоа е потребно многу работа“ – вели Болтон.
Тој не прецизираше за кои државни преврати учествувал во планирањето, но тврдеше дека нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година не бил обид за државен удар во САД.
Според него, Трамп цело време „скокал од една на друга идеја“. Познат по своите воинствени ставови за дипломатијата, Болтон беше советник на Трамп во 2018 година пред да биде отпуштен.
Оваа изјава доаѓа во време кога комисијата на американскиот Конгрес се обидува да ја утврди улогата на Трамп во нападот на Капитол, што се случи на 6 јануари.