Собранието на Република Северна Македонија за в четврток закажа нова седница. Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница закажана е 80. седница на Собранието на која треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.