Хрватската полиција во Пула спасила дете кое останало во прегреан автомобил, откако неговата мајка од Македонија го заборавила. Детето било префрлено во болница за да добие медицинска помош, а засега не е познато колку време останало само во возилото.
Полицијата добила дојава дека има дете кое плаче во автомобилот, по што една полицајка успеала да ја отвори вратата и да го извлече детето. Против македонската државјанка ќе биде спроведена кривична пријава.