МНР на Бугарија со нота до Османи, загрижени се за „антиевропскиот наратив“ во Скопје

Бугарското МНР испрати нота до Министерството за надворешни работи на Република Македонија во врска со „бројните манифестации и слогани насочени против Бугарија“ на јавниот простор на земјава во последните денови, информираат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Во нотата се изразува длабока загриженост за она што се случува, „што е исто така одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји“.

„Особено е загрижувачки што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни взаемно прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и Регионот. Веруваме дека ваквите дела ќе се претворат во дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“ – додаваат од бугарското МНР.