Претседателот на Албанија – Илир Мета на Фејсбук оценува дека „криминалот и заробувањето на државата ја надминале секоја имагинација“.
Според него, додека за да ја добијат пензијата, од пензионерите се бара физички да се појават за да докажат дека се живи, милиони евра на албанските даночни обврзници ги „ограбува мафијата со тендерите за горење отпад преку фалсификат“.
Порачува дека само отворената војна против заробеништвото и корупцијата спречува банкрот на Албанија и дека времето истекува.
„Криминалот и заробувањето на државата ја надмина секоја имагинација. Додека за да ја добијат пензијата од пензионерите се бара физички да се појават за да докажат дека се живи, милиони евра на нашите даночни обврзници се ограбени од мафијата со фалсификувани потписи на граѓани, починати пред 5 години. Само отворената војна против заробувањето на државата и корупцијата го спречува банкротот на Албанија. Времето веќе не чека!“ – напиша тој.
Мета, претходно изјави дека по 24 јули, кога му завршува петгодишниот мандат, рече дека се враќа во политиката и најави „разнишување на системот”.