Претседателот на Украина, Володимир Зеленски му понудил на британскиот премиер во заминување Борис Џонсон да ја преземе функцијата градоначалник на Одеса, пренесува „Украинска Правда“.
Оттаму тврдат дека Џонсон „со благодарност ја прифатил оваа понуда“, но засега нема официјална потврда на оваа информација, но нема ниту демант.
Зеленски не го криеше разочарувањето од падот на владата на Џонсон во Британија, бидејќи официјален Лондон е најжестокиот поддржувач на војната против Русија и вооружувањето на Украина.
„Не се сомневаме дека поддршката од Велика Британија ќе продолжи. Засекогаш ќе останеме пријатели и силни сојузници“ – рече Зеленски.