Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022):
Направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп…
Од вкупниот број на позитивни (524), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15…
Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.