Мицкоски за српска „Политика“: Не прифаќаме асимилација по бугарски диктат

„Сенародните масовни протести во Македонија добиваат поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од интелектуалци, експерти за евроинтегративни прашања, но и од подржувачи на вледеачките партиии коишто сметаат дека овој предлог не нуди почеток на македонските евроинтеграции, туку напротив отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат. Во Бугарија ликуваат дека овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и тежнеат кон негирање на македонскиот идентитет, јазик и историја. Ако ја погледнеме рамката за преговори која и се нуди на Македонија ќе видите дека се разликува од преговарачката рамка која е дадена на било која друга земја која била кандидат за членство. Внесен е билатерален проблем како дел од преговорите, а решавањето е можно само со прифаќање на бугарскиот диктат. Вториот преседан е почнувањето на суштинските преговори и отворање на поглавја, кои ќе започнат со промената на Уставот на Македонија. Овде повторно имаме уцена, ултиматум или диктат. Ако на ова се додаде и едностраната декларација на Бугарија, со која директно се негира посебноста на македонскиот јазик и се нотира дека македонскиот јазик е бугарски дијалект- очигледно е во каква позиција се наоѓа Македонија, која нема никаква гаранција од ЕУ за европска перспектива“.

Ова меѓудругото го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српска „Политика“.

Тој тврди дека „граѓаните, како и ВМРО-ДПМНЕ бевме изманипулирани од страна на Владата дека некаков предлог е одбиен, за после да се испостави дека истиот предлог со незначителни и козметички измени е прифатен. Јавноста никогаш не виде што е одбиено, па не може да знае што е модифицирано. Владата под притисок на јавноста потоа дозволи увид на два од три документи кој што се дел од овој пакет со наметнати решенија. До сега никој од јавноста во Македонија, Собранието, експертите, опозицијата, па дури ни помалите коалициски партнери на СДСМ, официјално не видел што содржи третиот документ, наречен Протокол, а тој е клучен“.

„Оваа иста влада тогаш на чело со Заев, ветуваше дека Преспанскиот договор е последната отстапка од националните интереси која ја прави Македонија, дека го затвора и последното отворено политичко прашање со соседите. Четири години потоа ние сме уште подалеку од ЕУ, пред крстопатот со бесконечни преговори и асимилација по диктат. Понижувањата станаа наше секојдневие. Поради оваа власт не ословуваат со погрден назив “северномакедонци“, ни се оспорува јазикот… Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија – иако состојбата во земјата од економски, енергетски и социјален аспект е катастрофална и предложи на владејачката СДСМ да го одбие францускиот предлог, а ние ќе се откажеме од барањето за брзи предвремени избори“ рече Мицкоски.