Министерката за надворешни Лиз Трас се кандидира за премиер

Лиз Трас – министерката за надворешни работи на Велика Британија денеска покрена кандидатурата за премиерската функција.

„На изборите ќе се борам како конзервативка и ќе владеам како конзервативка“ – напиша таа во авторскиот текст објавен во лондонски „Телеграф“.

Трас е десеттата политичарка која ја објави кандидатурата за местото лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Велика Британија.

Поранешната британска државна секретарка за одбрана – Пени Мордаунт, исто така соопшти дека се кандидира за местото претседател на Конзервативната партија.