Ѓоковиќ го освои Вимблдон по седми пат

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освоу тенскиот грен слем Вимблдон по седми пат. Во финалето попладнево првиот носител го победи Австралиецот Ник Кирјос во меч што траеше нешто повеќе од три часа.

Ѓоковиќ славеше победа во четири сета – 4:6, 6:3, 6:4 и 7:6.

За Србинот ова беше освојување на 21-от грен слем трофеј во кариерата, а за Кирјос ова беше прво финале во сингл на еден грен слем.

Вкупниот награден фонд на Вимблдон 2022-ра изнесуваше 49 милиони долари.