Почина затвореник во КПУ „Затвор Скопје“
Почина затвореник во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. Кај починатото лице не се констатирани траги на насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Во Полициската станица Чаир вчера околу 13:00 часот е пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ починало осуденото лице В.Д. (51) од Скопје. Од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.