Бајден со нов гаф – На глас го прочита упатството од текстот

Американскиот претседател Џо Бајден не престанува со гафовите. Читајќи го својот вчерашен говор тој направи нов гаф. Наместо говорот, тој го прочита упатство што некој му го напишал на крајот од листот, а кое гласи, „Крај на цитатот, повторете ја реченицата“. Речениците „крај на цитатот“ и „повтори ја реченицата“ не смееле да бидат прочитани од Бајден, туку биле дадени како насока.

Бајден претходно имаше гаф каде пред камерите покажа цел лист со упатствата кои некој му ги дава, но сега упатството прозвучи во воздухот.

Претходно Бајден имаше низа на гафови, се ракуваше со воздух, ја бараше во публика покојната мајка, а три пати падна по скали.