Мицкоски за Прва.рс: Последниот предлог не е ништо друго освен класична асимилација на македонскиот народ и македонскиот идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Прва.рс даде интервју во кое ја опиша моменталната ситуација во државата и протестите кои се интернзивираат секој ден и продолжуваат со блокади.

  • Денеска поради верскиот празник Курбан Бајрам нема да има протести, но ние продолжуваме веќе утре, така што одиме до крај нема повлекување. Па владата да каже НЕ, затоа што последниот предлог кој е модифициран кој што го добивме не претставува ништо друго освен класична асимилација на македонскиот народ и македонскиот идентитет. Практично, сите тврдења на Бугарите дека ние сме Македонците некоја творба од титова Југославија и дека претходно сме биле бугари и дека не зборуваме на нашиот македонски јазик кој е кодифициран таму уште во 1945 година дека тоа ништо не постоело, дека тоа сето било Бугарија и дека практично нашата македонска нација и народ постојат од 1945 година и тоа е за жал дел од овој француски предлог кој ги содржи сите бугарски позиции. Овој последен предлог ние никако не можеме, ниту како народ, ниту како партија, да го прифатиме. Е сега постои оваа корумпирана елита во влада која нема никаков рејтинг, ВМРО-ДПМНЕ е партија која има два и пол пати повеќе рејтинг од оваа влада, практично и ги декласиравме на последните локални избори, поставија еден марионет од Зоран Заев кој што практично потпишува се и сешто само за да опстои уште неколку месеци таму каде што е. Тоа е главно барање на граѓаните кои протестираат владата да отстапи од прифаќање на францускиот предлог и да каже НЕ. Пред некој ден организираа и инцидент. Идентификувавме пет луѓе кои што пукаа кон народот. Тие пукаа на народот. Народот буквално со голи раце одеше кон пиштолите и тоа можеше да се види со слики и видеа. Замислете ако народот со голи раце оди кон пиштоли, до каде стигна работава.

Во врска со инцидентите. Мицкоски  рече  тоа една група која се класични осуденици и оние се уценети од страна МВР за да им се избришат сите пријави кои што ги имаат, да исценираат инцидент, а преку правење на инцидент така да успеат да го предомислат народот да излегува на протест и да протестира.

  • Но, ефектот беше сосема спротивен од тоа што они го очекуваа и веќе следниот ден откако се појавија поголем број на граѓани отколку што беа првиот ден кога беа оние први инциденти, веднаш пратија луѓе кои што пукаа во народот. Но, народот како што ви кажав тргна да се пресмета со голи раце. Замислите тие луѓе кои што пукаа во народот, они се бранители на европските вредности кои се дел од овој последен модифициран француски предлог. Но, всушност тие се обични битанги која што ја штитат владата која никакво кредибилитет , бидејќи ¾ од народот сака оваа влада да си замине, и овој премиер кој е поставен таму каде што е само за да може уште неколку месеци Заев да може да спроведе уште некоја агенда овде кај нас.

Мицкоски се осврна и на инцидентот кај Скендер бег.

  • Заканите траат веќе 4 години, но тоа кулминираше пред година дена. Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а на кој државата не му дозволување обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам свој живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото?