Стимулации во Словачка – сите лица над 60 години кои ќе се вакцинираат против коронавирус ќе добијат 200 евра, додека, пак, оние кои ќе примат бустер доза, до средината на јануари ќе добијат 300 евра.
Тамошниот парламент денеска одобри исплата.
Словачка не е првата земја што нуди стимулации за вакцинација, во октомври оваа година Швајцарија понуди бесплатни оброци во ресторан или билети за кино на граѓаните кои ќе ги убедат своите пријатели да се вакцинираат против Ковид.