Наместо по 6, третата доза на вакцината против Ковид-19 може и по 3 месеци од ревакцинација

Европската агенција за лекови (EMA) денеска информираше дека е „безбедно и ефикасно“ да се примат засилувачки дози на вакцините против Ковид-19 три месеци по втората доза.

Периодот е намален на три месеци наспроти преходните најави за шест месеци по ревакцинацијата.

„Податоците што моментално се достапни поддржуваат сигурна и ефикасно аплицирање на засилувачка доза три месеци од завршувањето на примарната вакцинација“ – ова денеска го изјави шефот за стратегијата за вакцини во ЕМА – Марко Кавалери.