Макрон: Имаме голема одговорност во поглед на Западен Балкан

При претставувањето на приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија во првата половина на 2022 година, претседателот на Франција – Емануел Макрон ја потенцираше „големата одговорност која ја има ЕУ кон земјите од Западен Балкан“.

„Нашето непосредно соседство е Западен Балкан, ние ќе организираме во јуни конференција за Западен Балкан. Бидејќи повеќе од соседство, Балканот е срцето на Европа, доволно е да ја погледнете картата и нашата историја, во тој регион денес има нови тензии. Ние имаме особено историска одговорност кон Западан Балкан. Ние треба да водиме политика на повторно ангажирање, но исто така на инвестирање за да се фаворизира економската интеграција на регионот, за да се развијат размените меѓу луѓето, за да се зборува за прашањата на малцинствата кои го покриваат целиот регион и да се бориме против мешањето, манипулациите, кои се дело на повеќе регионални сили, кои бараат преку Балканот да  ја дестабилизираат Европа“ рече Макрон.