Во Солун е регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за 2022 година во Грција, соопшти Националната организација за јавно здравје.
Потсетуваат дека вирусот го пренесуваат комарците, а мнозинството од заразените или воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми. Вирусот Западен Нил, во Грција се појави во 2010 година, а присутен е секоја година во летните и есенски месеци. Во периодот од 2010 до 2021 година, најголем број случаи биле регистрирани во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 59 случаи, а од Западен Нил починале осум лица.