Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека преговорите за членство во ЕУ не треба да се прекинат, но во Унијата да влеземе како Македонци.
Тој во разговор за „Гласот на Америка“ тврди дека Европската унија во иднина би ја изгубила атрактивноста.
„Во меѓувреме се случуваат геополитички тектонски поместувања и ние треба да го фатиме курсот на новиот светски поредок, а во којшто ЕУ ќе биде само слуга на Америка, како што е и сега“, објаснува Апасиев.
Вели дека има многу повеќе алтернативи и секој свесен политичар треба да ги игра сите алтернативи.