За случајот „Империја“ Мијалков е осуден на три години затвор, за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „противправно стекнување и прикривање на имот“. Покрај затворската казна, Мијалков прифатил и конфискација на имот, која актуелно, според проценките на Обвинителството вреди околу 36 милиони евра, вели во разговор за Канал 5 шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Ефективна казна затвор за две кривични дела, три години. 2 000 евра парична казна, тоа што оди според Законот. Одземен е голем имот. 6 000 000 евра во готово. Според проценките направени во 2011, 2013, 2016 и 2019 година се околу 20 000 000 евра, со тоа што знаеме сите колку е зголемена вредноста на недвижниот имот. Мислиме дека моменталната проценка е околу 30 000 000 евра“- Вилма Русковска, обвинител на ОЈО ГОКК.