Јовева: Мислам дека е можен договор прифатлив за сите страни, кој нема да ги понижува луѓето!

„Не сакам да се изгуби тотално кредибилноста на ЕУ, се уште мислам дека е можен договор прифатлив за сите страни, кој нема да ги понижува луѓето. Јасно ми е дека на народот им е преку глава од ветувања кои не се исполнети, но сепак не треба да дозволиме да победи некој кој ја искористува ситуација само поради тоа што е членка на ЕУ и има право на вето. Срамно е, треба да се комуницира искрено“ – вели словенечката европратеничка Ирена Јовева во најновото издание на Трилинг.

Таа за францускиот предлог вели „Западен Балкан за ЕУ е стратешки приоритет, навистина е така, преседан е францускиот предлог. Во Скопје слушнав `нема друга алтернатива`, има други алтернативи, ама опасни се. Ова е добрата алтернатива. Францускиот предлог е ок за да се почнат некои разговори, но не е во ред да се прифатат сите работи од него“.

„Во овој момент сите страни треба да седнат и да се договорат, ова ќе е најдобро за граѓаните. Не е сега најдобро време да се бараат предвремени избори, треба да има еден став, тоа додека не се стори, уште потешко ќе се надминат сегашните проблеми. Разбирам дека за некого има неприфатливи работи во предлогот. За жал добив впечаток внатрешните интереси се побитни од интересите на сите граѓани“ вели европратеничката Јовева.

Таа е категорична дека „македонскиот јазик ќе е официјален службен јазик во Европската Унија, мора да е така“.

Јовева вели и дека „Бугарија е земја членка и ги користи некои работи што не би смеела да ги користи. Сепак, мислам дека ако сите зборуваме едногласно, сите 26 земји членки и сите партии во Македонија, и Бугарија ќе сфати дека нема да може да се решаваат така тие работи. ЕУ се уште го нема јасно и гласно кажано тоа на тој начин, јас ќе направам се што можам за да го променам тоа“.