Во затворот во Пожаревац вчера починал Нинослав Јовановиќ попознат како „Малчанскиот бербер“. Српските медиуми пишуваат дека бруталниот српски убиец починал од срцев удар.
Јовановиќ на 5. август минатата година беше осуден на доживотен затвор за киднапирање и продолжено кривично дело силување, чија жртва беше 12-годишно девојче.
Јовановиќ во една населба во Ниш, со измама и закана го киднапирал малолетното девојче од Суво Дол, со намера.
Ја силувал, на тој начин што јаследел жртвата со своето возило и ја натерал да влезе во возилото . Кога таа му рекла дека не сака да влезе, тој се претставил како Бојан од Ниш и рекол дека работи како електричар во нејзиното училиште.
Ја замолил да му покаже каде е училиштето, на кој начин ја довел во заблуда и ја натерал да влезе во возилото. Кога жртвата почнала да му објаснува каде е училиштето, тој и рекол дека ќе и покаже пократок пат.
Кога продолжиле понатаму, тој и рекол дека е киднапирана, бидејќи дека татко и наводно украл дијамант од една постара жена од Нишка Бања и дека таа мора да остане со него се додека татко и не го врати дијамантот. Потоа и се заканил и ја однел на местото викано Малчанско петље, каде излегол од главниот пат и го запрел возилото.
Девојката се обидела да побегне од него трчајќи кон автомобилот, но обвинетиот ја стигнал, ја удрил по главата и ѝ отсекол еден прамен од косата, а потоа ја одвлекол во колибата и применувајќи физичка сила извршил обљуба. Кога полицијата ја пронашле жртвата, таа била исцрпена од глад и од жед.
За ова дело Нинослав Јовановиќ , на 5 август минатата година беше законски осуден на доживотен затвор за киднапирање и продолжено кривично дело силување,на дванаесетгодишно девојче.