Џамбаски: Нема место за Србија во ЕУ!

Европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски вели дека нема место за Србија во Европската унија бидејќи српските политичари „прават провокации во Косово и во БиХ“.

„Нема место за оваа Србија во Европската унија. Тоа е таа Србија која прави провокации во Косово, Србија која прави провокации во Босна и Херцеговина, Србија која ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина“ – вели контроверзниот Џамбаски.

Тој додаде дека Србија „ги потиснува Хрватите и Бугарите“ и „гледа како да ги асимилира и да ги протера“ од Србија.

„Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во Европската унија. Сфатете го тоа“ – рече тој.