На 82-годишна возраст почина актерот Џејмс Кан, чија најпозната филмска улога беше Сантино „Сони“ Корлеоне во култниот филм „Кум“. Веста беше споделена на неговиот официјален Твитер профил.
„Со голема тага ве известуваме за смртта на Џими, кој почина вечерта на 6 јули. Неговото семејство ја цени сета љубов и срдечното сочувство и ве замолува да ја почитувате нивната приватност во овие тешки мигови“ – стои во објавата.
It is with great sadness that we inform you of the passing of Jimmy on the evening of July 6.
The family appreciates the outpouring of love and heartfelt condolences and asks that you continue to respect their privacy during this difficult time.
End of tweet
— James Caan (@James_Caan) July 7, 2022
Тој е роден на 26 март 1940 година во Бронкс, една од петте области на Њујорк, а неговите родители Артур и Софија Кан биле еврејски емигранти од Германија.
Голема популарност достигна во 1972 година со ролјата во филмот „Кум“, во режија на Фрaнсис Форд Копола.
За оваа улога беше номиниран за филмската награда Оскар, во категоријата за најдобра споредна машка улога.
Се женел дури четирипати, а татко е на пет деца.