Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми.
Информациите се дека Џонсон се соочува со владина криза бидејќи во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабинет поднесоа оставки.
Соочен со распадот на кабинетот, се чини дека веќе нема избор, а како што пренесуваат британските медиуми, тој е подготвен да поднесе оставка.
„Франс прес“ и Би-Би-Си јавуваат дека Џонсон денеска ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија. Тој наводно се согласил, како што пренесуваат медиумите, дека сака да најде нов лидер на партијата и дека ќе остане на премиерската позиција додека не се најде нов.