Три жртви во пукотница во трговски центар во Копенхаген

Тројца загинати е епилогот по вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција.

Убиени се двајца млади, чија возраст не е наведена, како и машко лице на четириесеттина години.

Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба.\

Осомничен за нападот е 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружал отпор.

Мотивите за нападот сè уште не се јасни. Сведоци тврдат дека осомничениот се обидел да ги намами жртвите да му се приближат, велејќи им оти неговото оружје не е вистинско.

„Беше доволно психопат за да лови луѓе, но, не трчаше“ сведочеле дел од очевидците.

Во трговскиот центар имало голем број луѓе, бидејќи во близина требало да се одржи концерт на британската ѕвезда Хари Стајлс.

Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди „суровиот напад“ во трговскиот центар, каде биле „возрасни, млади и деца“.