
Моника Зајкова едногласно реизбрана за претседателка на ЛДП: „Знаеме како да ја движиме Македонија напред“
На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија во Скопје, сите 300 присутни делегати едногласно ѝ дадоа доверба на Моника Зајкова за нов мандат како претседателка на ЛДП, соопштија од партијата.
На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија во Скопје, сите 300 присутни делегати едногласно ѝ дадоа доверба на Моника Зајкова за нов мандат како претседателка на ЛДП, соопштија од партијата.
По изборот, Зајкова порача дека очекува партијата да продолжи да работи конструктивно и да го надградува досега постигнатото. Таа истакна дека ЛДП ќе го задржи своето препознатливо место во политичкиот центар и ќе настапува со сопствена политичка агенда.
„Имаме амбиција, имаме капацитет, знаеме како да ја движиме Македонија напред“, изјави Зајкова. Таа додаде дека ЛДП се стреми и има капацитет да понуди кандидат за претседател на Владата.
На конгресот, кој се одржа под слоганот „Напред, либералдемократи!“, Зајкова ги издвои и политиките за кои ЛДП ќе продолжи да се залага. Меѓу нив се воведувањето електронска нараквица за сторителите на насилство, укинувањето на банкарските провизии што ги оптоваруваат граѓаните, намалувањето на данокот на добивка на 9 проценти и моделот за бизнис-ангели. Таа најави дека од понеделник партијата ќе ги претставува економските предлози на терен, во директен разговор со граѓаните.
Зајкова најави и избор на нови потпретседатели и членови на Централниот и Извршниот одбор. Како едно од имињата за потпретседател го посочи Бобан Јанковски, а за останатите, рече таа, јавноста ќе биде дополнително информирана.