
Со дефиле на коњаници, марш и културно-уметничка програма, денеска во Тетово беше одбележан 28 Ноември – Денот на албанското знаме.
На видеото објавено од „Тетово инфо“ се гледаат млади момчиња на коњи со албански знамиња, кои се движат низ централното градско подрачје кон плоштадот „Маршал Тито“.
Во рамките на празничното одбележување се одржа и маршот „Знамето нè обединува“, во кој учествуваа ученици, додека на градскиот плоштад беше организирана програма со музички и танцови настапи.
Денот на албанското знаме се одбележува во чест на прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година во Валона.