Снежно невреме во Србија, отежнат сообраќај на повеќе патни правци

Силни снежни врнежи зафатија повеќе делови од Србија, предизвикувајќи отежнато движење на возилата и намалена видливост на патиштата. Поради неповолните временски услови, регистрирани се и сообраќајни несреќи.

Српските метеоролози предупредуваат на формирање снежна покривка од 5 до 20 сантиметри во пониските предели, а на планините и над 30 сантиметри.

Заладувањето ја зафаќа и Македонија, каде што се очекуваат врнежи од снег на планините и на дел од пониските места. Во текот на ноќта има услови за снег и во Скопската Котлина.

На возачите им се препорачува зголемена внимателност, користење зимска опрема и приспособување на брзината кон условите на патиштата.