(ВИДЕО) Климоска и Трајковиќ од „Сестра брат и шахта“: Суровата реалност е присутна секаде

➡„Ако се разгледа по некакви драматуршки поставености, се работи за антихерои, меѓутоа мисла дека за нас двајца се дефинитивно едни двајца херои, затоа што тука се поставува прашањето кој е херој во општество со изместени вредности. -Така што за мене Малина и Виктор се едни херои, вели актерката Сара Климоска говорејќи за новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“.➡„Најтешко е во театар или филм, да се играш себе си. Среќа овде не се игравме себе си, меѓутоа игравме ликови коишто играат во онаа реалност што стварно постојано не опкружува, и некако не се менува. А играње на реалноста во која сме, па тоа е многу лесно затоа што сме навикнати, знаеме и ја гледаме постојано“, вели актерот Филип Трајковиќ.➡За тоа што беше најголем предизвик во филмот за двајцата, Климоска вели дека тоа е да се направи тој однос помеѓу неа и Филип да биде автентичен, бидејќи централната приказна се базира на тие двајца ликови, и на љубовта меѓу тие двајца ликови, како се поддржуваат еден со друг.➡Има многу работи коишто во филмот заслужено се видливи за публиката, коишто некако успеавме да ги донесеме до некое ниво, да успееме да поставиме точни прашања за одредени моменти и работи. ➡Суровата реалност си е присутна секако“, вели Трајковиќ.

„Ако се разгледа по некакви драматуршки поставености, се работи за антихерои, меѓутоа мисла дека за нас двајца се дефинитивно едни двајца херои, затоа што тука се поставува прашањето кој е херој во општество со изместени вредности.

-Така што за мене Малина и Виктор се едни херои, вели актерката Сара Климоска говорејќи за новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“.

„Најтешко е во театар или филм, да се играш себе си. Среќа овде не се игравме себе си, меѓутоа игравме ликови коишто играат во онаа реалност што стварно постојано не опкружува, и некако не се менува. А играње на реалноста во која сме, па тоа е многу лесно затоа што сме навикнати, знаеме и ја гледаме постојано“, вели актерот Филип Трајковиќ.

Климоска вели дека Малина и Виктор се ликови кои што секако живеат надвор од системот на некој начин.

„Системот во ниту еден момент во нивниот живот не им придонел или помогнал нешто. Едноставно се надвор од системот. Така што кога некој не ги ужива правата да се бори некако преку институциите, нормално е дека ќе најде некој свој механизам за како да преживее. Така што ова се ликови коишто за да преживеат мора да крадат шахти. Да, ние може да ги обвиниме, затоа што имавме еден случај на Вера Јоциќ каде бистата е украдена, меѓутоа ние влегуваме во еден таков свет каде што тие луѓе кои го прават тоа немаат друг механизам за да преживеат. И да, се разбира дека системот е тука проблем“, вели Климоска.

За тоа што беше најголем предизвик во филмот за двајцата, Климоска вели дека тоа е да се направи тој однос помеѓу неа и Филип да биде автентичен, бидејќи централната приказна се базира на тие двајца ликови, и на љубовта меѓу тие двајца ликови, како се поддржуваат еден со друг.

„Така што за мене можеби нема да кажам дека беше најголем предизвик, бидејќи лесно некако тоа ни одеше, меѓутоа беше најважно. Затоа што ако го нема тоа, џабе го пратиме филмот. Ама имам чувство дека некако успешно тоа успеавме да го креираме“, вели Климоска.

Трајковиќ вели дека тоа чувство се виде, го видовме, го има.

„Во текот на целото снимање го чувствувавме тој однос на брат и сестра, таа љубов што ја има меѓу нас е сериозно голема. И среќа дека е вистинска и нема многу да лажеме, затоа што стварно моето чувство за Сара е дека сме стварно толку блиски, и стварно ја чувствувам како сестра на одреден начин.

-Работата на тој план мене ми беше скроз лесна. Воопшто не се мачев дали ќе достигнеме нешто што реално го достигнавме заеднички, затоа што знам која си, каква си, како функционираш и функционираме супер“, вели Трајковиќ, а Климоска додава дека имаат и заеднички естетски гледања на работите, сличен сензибилитет, така што тоа беше едно од најважното за мене, најважната работа за филмот, но и најубавото искуство.

Прашани дали целта на филмот беше да се преслика и долови суровата реалност во Македонија, Трајковиќ вели дека на некој начин да, меѓутоа целта не е само тоа.

„Има многу работи коишто во филмот заслужено се видливи за публиката, коишто некако успеавме да ги донесеме до некое ниво, да успееме да поставиме точни прашања за одредени моменти и работи.

-Суровата реалност си е присутна секако“, вели Трајковиќ.

За тоа дали филмот е комедија за оние кои имаат, и за оние кои немаат Трајковиќ смета дека е и за едните и за другите.

„Ги фаќаме двете крајности. Се работи за дрска трагикомедија. Има многу тажни и има многу смешни моменти во самиот филм. Неколку пати не прашаа како успеваме тажните да ги направите смешни. Така што мислам дека сами по себе се тие смешни кога се толку тажни“, додава Трајковиќ.

Климоска смета дека имаме доста македонски филмови кои што имаат сериозен успех во Македонија. Се разбира дека ова е огромен успех и многу ми е драго што во последните десет години има и тоа како македонски успех. Имаме успех на различни фестивали. Ова официјално е првата главна награда Гран при на А фестивал. И многу ни е драго за тоа“, вели Климоска.

Интервјуто со актерите Климоска и Трајковиќ погледнете го во видеото.