(ВИДЕО) Јовановски: Чудно е НБРМ да не ја интересира кои се сопственици на Алта банка

➡Малку е чудно Централната банка да не ја интересира кои се сопственици Алта банка.➡Мислам дека и според нашите македонски закони, прописи, постои одредба да се знае крајниот сопственик на било кое акционерско друштво. Мислам дека постојат такви прописи во земјава и би требало главниот сопственик на Алта банка - Белград, Давор Мацура, кој патем е и претседател на надзорен одбор на банката во Битола, да добие согласност и од Народна банка, смета Јовановски.➡Тој смета дека овој случај со Алта банка ја фрла и довербата во целокупниот банкарски систем.➡Според него надзорната расправа, односно институциите се вистинското место каде што треба да се расчисти овој случај.➡Значи како влегла Алта банка, зошто влегла, требала ли да влезе или не требала да влезе. Мислам дека не се решение овие политички, партиски соопштенија со коишто ние како медиуми сме преплавени секој ден. Мислам дека надзорната расправа е тој контролен механизам што го има македонското Собрание. Во надзорната расправа не учествуваат само пратеници и претставници на политички партии. Учествуваат од институциите, од Народна банка, како и други експерти коишто ќе бидат повикани за да се разгледа одреден проблем, за да се согледа проблемот и да се најде некое решение, односно да излезе вистината на виделина, вели Јовановски.

„Историјата на влегување на Алта банка – Белград во поранешна Стопанска банка – Битола има своја предисторија. Стопанска банка – Битола, според достапните информации, ревизорските извештаи, подолго време се соочуваше со проблеми во работењето, што произлегува од сопственичката структура во самата банка. Имаше еден многу сериозен обид за нејзино преземање од нашата најголема и најдобра банка во земјава – Комерцијална банка. На тоа претходеше прилично долга процедура – контакти меѓу двете банки, анализи и сето тоа резултираше со конкретен предлог за преземање на Стопанска банка – Битола.

Меѓутоа, од за мене непознати причини, акционерите на тогашна Стопанска банка – Битола го одбија предлогот. Се зборува дека барале поголем износ од тој што беше понуден, иако од Комерцијална банка јасно беше ставено до знаење дека тоа е нивниот конечен предлог и дека нема простор за понатамошни наддавања. Како и да е, дали имало во тој момент момент кога беше одбиена понудата од страна на Комерцијална банка, дали имало некои политички замешателства од некои политички кругови кон акционерите, бидејќи тогаш сегашната власт беше во опозиција, дали им било дошепнато дека ќе дојде некоја друга понуда, тоа останува во сферата на шпекулациите.

-Како и да е, Стопанска банка – Битола продолжи да си работи со сите тие проблеми што си ги имаше во работењето, и дојде после смената на власта понудата од Алта банка – Белград. Сегашната наша опозиција реагираше промтно и гласно, и укажа на поврзаноста на Алта банка со власта во Србија, односно укажа на проблемите коишто можат да настанат. Но нели, после битка сите генерали се паметни, сега може да кажеме дека не требаше да влезе. Меѓутоа ако го парафразирам сега Гувернерот на Народната банка, тој рече дека Стопанска банка – Битола била на климави нозе и дека е прашање дали воопшто сега би постоела доколку не влезеше некој во сопственичката структура на банката“, изјави за Трилинг новинарот на Независен, Мирче Јовановски.

Околу податокот дека во изминативе 35 години имавме серијал на скандали поврзани со банки, меѓу нив Експорт – Импорт, Алмако, случајот со ТАТ…, а во нив беше дел од приватизациониот капитал, парите од шверцерите во раните 90-ти, валканите пари се внесуваа во времето на блокадите кај нас и зошто ни се случуваат вакви екцеси, односно дали несвесно вакви скандали ни се случуваат, или дали некој свесно им прогледувал изминативе години, Јовановски вели дека причините за овие скандали се различни не може се да се стави во ист кош.

„Од лошо менаџирање на одредени банки и штедилници до некои политички влијанија или поврзаноста на бизнисот и политичките кругови. Во случајот на штедилницата ТАТ, што беше огромен финансиски удар и голема афера во 97-ма година, таму пропаднаа 60 милиони евра, 120 милиони марки, околу 13 илјади штедачи. Значи тоа беше класична пирамидална штедилница, Во Случајот со Експорт – Импорт банка и во некои други примери, тука веќе имаме некои криминогени работи коишто го оштетија државниот буџет. Значи буџетот претрпе штета, државата односно сите граѓани.

-Случајот со Експорт – Импорт банка причината според официјалното објаснување од Народната банка беше лошото менаџирање, лошите кредити, несолвентноста на банката што можеше да го загрози целиот банкарски систем, и беа преземени мерки што Народна банка ги има на располагање.

-Овој случај со Алта банка – Битола е специфичен случај. Веднаш треба да го издвоиме од сите досегашни случаи, бидејќи станува збор за одземање на дозволата и ставање во стечај на мајката банка што е во друга држава, Значи Алта банка – Белград е сопственик на Алта банка – Битола (95,175%). Алта банка – Битола е македонска банка којашто работи според нашите домашни закони и прописи. Како причина за сегашната ситуација во банката, значи администрирањето, поставувањето на луѓе од страна на Народната банка, не е заради лошото работење на банката, или несолвентноста или неликвидноста, туку тоа што се случи во соседна држава.

-Со луѓе со коишто зборував, коишто биле високи функционери во Народната банка порано, тие ја поздравуваат брзата реакција на Народната банка во однос на ставањето на банката во Битола под контрола за да не се одлее капиталот, вели Јовановски.

Прашан дали смета дека Скопје е дестинација за легализирање на валканиот веш од Србија, Јовановски не ја исклучува таа можност.

„Ако се навратиме на некои други примери, конкретно на оној голем скандал со петте тони марихуана, коишто поминаа без никој да ги примети и којзнае уште колку такви работи имало. Но мислам дека ние имаме домашни институции коишто се задолжени да ги следат таквите работи, дејанија криминогени, доколку се разбира ги има, и да ги превенираат или санкционираат“, смета Јовановски.

Околу реакциите на Гувернерот Славески поврзани со Алта банка и тезата дека тука е македонска банка и нема никаква поврзаност со Алта во Србија, Јовановски вели дека има поврзаност преку сопственичката структура.

Генерално во македонскиот банкарски сектор од постојниве 13-14 банки, најголемиот број имаат странски сопственици. Една или две се доминантно македонски и нормално е нашата македонска банка да има комуникација со мајката банка во странство. Да земаат кредити од таму. Такви релации се сосема регуларни“, вели Јовановски.

Според него малку е чудно Централната банка да не ја интересира кои се сопственици Алта банка.

„Мислам дека и според нашите македонски закони, прописи, постои одредба да се знае крајниот сопственик на било кое акционерско друштво. Мислам дека постојат такви прописи во земјава и би требало главниот сопственик на Алта банка – Белград, Давор Мацура, кој патем е и претседател на надзорен одбор на банката во Битола, да добие согласност и од Народна банка“, смета Јовановски.

Тој смета дека овој случај со Алта банка ја фрла и довербата во целокупниот банкарски систем.

„Сите овие афери што ги кажавме претходно имаа влијание врз довербата. Клучот е довербата, особено во банкарскиот систем. За помладите гледачи треба да споменеме дека Македонија макотрпно ја врати довербата во банкарскиот систем. Кога се распадна Југославија останаа заробени огромни износи на девизи на граѓаните коишто ги имаа во банките. Па државата издаваше државни обврзници со коишто можеше да се купат удели во процес на приватизација, да ги продаваат на берза, но за пола цена. Сето тоа ја чинеше државата огромни износи и пари. Исто така со пропаѓањето на штедилницата ТАТ, имаше политички консеквенци по тогашната власт. Значи се направија големи напори за да се врати довербата во банките.

-Правев некои споредби – пазарната вредност, пазарната капитализација на Стопанска банка – Битола во моментот на продажбата беше 25-6 милиони евра, наспроти една милијарда евра пазарна капитализација на Комерцијална банка. Сакам да кажам дека преку тоа може да се види големината на една банка во однос на другата, смета Јовановски.

Според него надзорната расправа, односно институциите се вистинското место каде што треба да се расчисти овој случај.

„Значи како влегла Алта банка, зошто влегла, требала ли да влезе или не требала да влезе. Мислам дека не се решение овие политички, партиски соопштенија со коишто ние како медиуми сме преплавени секој ден. Мислам дека надзорната расправа е тој контролен механизам што го има македонското Собрание. Во надзорната расправа не учествуваат само пратеници и претставници на политички партии. Учествуваат од институциите, од Народна банка, како и други експерти коишто ќе бидат повикани за да се разгледа одреден проблем, за да се согледа проблемот и да се најде некое решение, односно да излезе вистината на виделина, вели Јовановски.

Прашан дали е можно Владата да не била запознаена и да не знаела за аранжманот на Алта банка, имајќи предвид дека министерката вели дека Гувернерот не ја запознал за интересот и договорот со Алта банка, Јовановски вели дека можеби министерката не била запознаена, но за влезот на Алта банка во Стопанска банка – Битола се зборувало како намера.

„Имаше период кога беше поднесено барањето, ако ништо друго можеа да проверат или да се запознаат од самата информација дека има таква намера за влегување во земјата“, вели Јовановски.

Тој не исклучува бизнис влијание и интереси зад случајот Алта банка.

Јовановски смета дека најдобро решение би било да се најде купувач за банката и банката да добие нов сопственик, да се тргне администрацијата од Народна банка и да си продолжи банката по својот пат.

„Но јас сум скептичен дека тоа ќе може да се направи во краток рок, имајќи предвид дека претходниот обид за преземање на тогашна Стопанска банка – Битола му претходеше долг процес – проверка на билансите на банката, длабинско истражување. Сега секој заинтересиран инвеститор мислам дека ќе отвори четири очи да види што всушност има во билансите“, вели Јовановски.

Според него лошо решение би било банката да оди во стечај.

„Мислам дека е подобро доколку се најде соодветен квалитетен купувач за таа банка“, смета Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото