Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
„Ја изразувам поддршката на нацијата за полицијата. Сите ќе се бориме обединето против оние кои сеат хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние што мирно ги изразуваат своите барања да го прават тоа“, заклучи Макрон.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тие што напаѓаа, вандализираа и ограбија префектури и претпријатија за време на вчерашните насилни протести во таа земја ќе бидат кривично гонети и казнети.
Во објава на платформата Икс, Макрон наведе дека во Франција „нема место за насилство“.