СДСМ: Ја откривме бизнис мрежата на Мицкоски

Од СДСМ обвинуваат дека на премиерот Христијан Мицкоски му цвета бизнисот, бидејќи како што велат, откриле нова зделка со броила за струја, вредна 13.3 милиони евра, за српска фирма поврзана со Rudnap Group.

Од СДСМ обвинуваат дека на премиерот Христијан Мицкоски му цвета бизнисот, бидејќи како што велат, откриле нова зделка со броила за струја, вредна 13.3 милиони евра, за српска фирма поврзана со Rudnap Group.

-Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулаторна, РЕК,
Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар.

Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо.

Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.

Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.

Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.

А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.

Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк до Руднап?

Сања Божиновска, министерката на Мицкоски за енергетика.

Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.

„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.

Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја, велат од СДСМ.