Мицкоски од САД: Имаме повеќе резерви на Антимон од Кина и Русија, тоа ќе ја зголеми важноста на мојата земја

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантскиот совет, зборуваше и за реткиот минерал Антимон, поентирајќи дека во Македонија има повеќе резерви од Русија и Кина.

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантскиот совет, зборуваше и за реткиот минерал Антимон, поентирајќи дека во Македонија има повеќе резерви од Русија и Кина.

-Антимон е критичен и редок минерал, најчесто користен во воената индустрија. Секако, постојат и некои други примени, но генерално, кога зборуваме за антимон, зборуваме за воената индустрија. И во тој поглед, мислам дека со завршувањето на овој проект ќе можеме да ја зголемиме важноста на мојата земја и истовремено да го зголемиме богатството на граѓаните и економскиот стандард, бидејќи, како што реков, според првите извештаи, резервите се многу поголеми од збирните резерви на денешните прв и втор продавач во светот, Кина и Русија, рече Мицкоски при посетата во САД.