
Од јануари, сите плати во Црна Гора во јавниот и приватниот сектор се зголемуваат според новата владина програма „ЕВРО МОДЕЛ“, пишува РТЦГ.
РТЦГ наведува дека 1.000 евра ќе биде минималната нето плата на вработените на работни места со основно и пониско образование, 1.250 евра – за вработените на работни места со средно образование, 1.400 – за вработените на работни места со високо образование.
Програмата вклучува повеќе од 250.000 вработени.
Покрај ова, дополнително зголемување на платите ќе се случи и ако социјалните партнери го прифатат барањето на Владата зголемувањето на пресметковната вредност на коефициентот подеднакво да се применува во јавниот и приватниот сектор.
Од 2027 година, пензиите ќе се усогласуваат четири пати годишно.
Просечните пензии во април ќе се зголемат за над 600 евра. Минималната пензија ќе ја надмине бројката од 500 евра. Покрај тоа, во декември, секој пензионер добива дополнителни 100 евра за зимата.
Владата го усвои овој модел на вчерашната седница и тој ќе биде доставен до Парламентот на Црна Гора.