Бројот на работниците во индустријата намален за 2,9 проценти во септември

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година е намален за 2,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година е намален за 2,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според секторите, бројот на работниците во рударството и вадењето камен бележи намалување од 7,6 проценти, а во преработувачката индустрија за 2,9 проценти. Наспроти тоа, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистрирано зголемување од 1,5 проценти.

Намалување на бројот на работниците е забележано кај сите главни индустриски групи. Кај нетрајните производи за широка потрошувачка падот изнесува 4,5 проценти, кај капиталните производи 2,7 проценти, а исто толку и кај интермедијарните производи, освен енергија.

Кај трајните производи за широка потрошувачка бројот на работниците е намален за 1,7 проценти, додека кај групата енергија за 1,6 проценти.

Во периодот јануари – септември 2026 година, во споредба со истиот период во 2025 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 проценти.