МВР потврди – помошник директорот во Царина е уапсен со обележани 17.500 евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК.

Од МВР попладнево информираат дека во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа.

„Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра. По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“ велат од МВР.