
Врховниот суд ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Врховниот суд на седницата одржана вчера.
Како што е наведено во одлуката, Советот го уважил барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител, адвокатот Виктор Цветковски од Куманово.
Со пресудата на Врховен се укинуваат пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, пресудата на Апелациониот суд Скопје и предметот сега се враќа пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.