
Универзитетската клиника за детски болести објави дека обезбедила нови BiPAP апарати за неинвазивна вентилација.
Апаратите се неопходни за пациентите со невромускулни и други заболувања, стои во објавата на фејбук профилот на Клиниката.
Инаку, BiPAP апаратите за неинвазивна вентилација испорачуваат воздух под два различни притисока: висок притисок при вдишување (IPAP) и низок притисок при издишување (EPAP).