Охрид ЏЕЗ фестивал 2026 отвора отвара со концертот „Ехо од Македонија“

Од денеска до 30 август, Охрид ќе биде место каде што различни музички изрази ќе се сретнат во ритамот на џезот. Програмата на „Охрид ЏЕЗ фестивал 2026“ ќе понуди четири вечери, различни музички приказни и една заедничка љубов - џезот, а ќе се одвива во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 20:30 часот.

Од денеска до 30 август, Охрид ќе биде место каде што различни музички изрази ќе се сретнат во ритамот на џезот.

Програмата на „Охрид ЏЕЗ фестивал 2026“ ќе понуди четири вечери, различни музички приказни и една заедничка љубов – џезот, а ќе се одвива во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 20:30 часот.

Фестивалот започнува со „Вечер на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“, посветен на младите музички таленти и нивната афирмација. На сцената ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето.

Учесници се: Наум Џуклески – хармоника, Љупчо Аслимоски и Даниел Чуркоски – пијано, Мухамед Бајрам, Елица Рашкова, Кирил Белистојановски, Стефан Баракоски, Димитар Аслимоски и Димитар Јанкуловски – виолина, Миа Стојкоска – флејта, Александар Крстаноски – гитара и Детски хор при ОМУ „Методи Патче“.

На 28 август на програмата е Етно џез вечер со настап на дуото Сашко Костов и Орхидеја Дукова.

Класичен џез, настап на Дамјан Пејчиноски – гитара, Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас гитара е предвиен за 29 август.

Последната вечер на 30 август е Меѓународна џез вечер со настап на Branko Sterpin Quartet со специјален гостин Tim Lassy (Финска).

Влезот за сите вечери е слободен.