Фотографски натпревар „Вики ги сака спомениците 2026“ на Википедија
Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија.

Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на Википедија на македонски јазик или на Заедничка Ризница (Wikimedia Commons). Натпреварот се одржува од 1 септември до 30 септември 2026 година.
-Откако фотографиите ќе бидат закачени од самите учесници, потоа ќе бидат искористени на статии на Википедија, на останатите проекти на Викимедија, како и на други слободни проекти. Целта на натпреварот е обезбедување слободни фотографии на спомениците и заштитените објекти, односно културното наследство во Македонија. Пради тоа, фотографиите мора да бидат од Списокот на градбите прогласени за споменици на културата, односно заштитени објекти – информира Бојан Велковски, менаџер за комуникации на Викимедија МКД.
Фотографскиот натпревар предвидува четири награди понајдобро оценета фотографија од страна на стручно жири, со ваучери во износ од 400, 300, 200 и 100 евра.
Натпреварот во меѓународни рамки прв пат бил организиран во 2010 година од страна на Википедија на холандски јазик, додека на Википедија на македонски јазик се одржува по четврти пат по изданијата во 2014, 2015 и 2021 година.