Уапсен Македонец за обид за поткуп на сообраќаец

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Уапсен е државјанин на Северна Македонија З. А. (43), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поткуп, затоа што му било побарано казна за сообраќаен прекршок.

Како осомничен, тој им понудил на полицајците од Управата за сообраќајна полиција подарок во форма на пари, за да не му издадат казна за сообраќајни прекршоци откако го пречекорил ограничувањето на брзината додека управувал со патничко возило на автопатот и се движел по левата лента, додека десната лента била слободна за возење, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата ќе продолжат со својата работа во борбата против корупцијата и финансискиот криминал на територијата на Србија се вели во соопштението.