
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека му ветил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со кого разговарал по телефон, дека ќе испрати пресретнувачи на ракети во Украина.
-Го информирав претседателот Зеленски дека ја зајакнуваме нашата поддршка со испраќање пресретнувачи и продолжување на соработката, напиша Макрон на социјалната мрежа X еден ден по рускиот напад во кој загинаа 16 лица.
Таа соработка е во согласност со состанокот по повод лансирањето на Коалицијата за антибалистички ракети одржана во Париз на 13 јули и декларацијата за намери потпишана на 17 ноември 2025 година, додава Макрон.
-Клучно е да ѝ се дадат на Украина сите потребни средства за одбрана на својот воздушен простор и спречување на агресија, рече Макрон.
На 13 јули, Украина и нејзините главни западни сојузници објавија создавање коалиција за противвоздушна одбрана, што вклучува заеднички развој на нов противракетен систем поевтин од американскиот Патриот, а кој му е потребен на Киев поради руските балистички ракети.
На 17 ноември 2025 година, Франција и Украина ја потврдија својата намера да соработуваат за да се забрза опремувањето на украинските вооружени сили.